Нема прегласување на избирачките места на кои ДПА и ГРОМ посочија на нерегуларности

05.05.2014 13:36

Управниот суд ја потврди одлуката на ДИК, нема прегласување на избирачките места, за кои ДПА и ГРОМ посочија на нерегуларности, и побараа поништување на гласањето за парламентарните избори.

Според најавите, попладне ДИК треба да ги презентира конечните резултати, и да ги изготви уверенијата за новите народни избраници.

Се очекува, до крајот на неделава, да се одржи првата конститутивна собраниска седница.

Привремениот совет, кој раководи со Националната демократска преродба, откако лидерот Руфи Османи поднесе оставка, донесе одлука, партијата да го врати единствениот мандат, освоен на предвремените парламентарни избори.

Овој став го потврдиле и во централното собрание на НДП, со оглед на тоа, дека за партијата, последните избори немале легитимитет.