Посетата на Јотова пријавена по дипломатски пат
Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во земјава бил пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на република Бугарија во Скопје, информираат од македонското МНР...

Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во земјава бил пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на република Бугарија во Скопје, информираат од македонското МНР. Додаваат оти не биле побарани средби, ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на амбасадата.
Јотова, како што пренесоа бугарските медиуми, вчера на враќање од Косово, во Скопје се сретнала со претставници на бугарската заедница во Македонија. На средбата што се одржала во бугарската амбасада во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.
