Хакерски напади

Кордалов: Мора да се вложи во сајбер безбедноста

19.02.2023 18:05

Најпосакувана разврска со хакерскиот напад на Фондот за здравство, е податоците да се спасат и да не дојде до нивна злоупотреба-вели комуникологот, Бојан Кордалов. Смета дека сериозно треба да се вложи во подобрување на сајбер безбедноста. Чувствителни бази на податоци секојдневно се пласираат онлајн, потребна е и поголема соработка со западно европските земји и НАТО со цел заштита од вакви хибридни напади-посочува Кордалов...

Институциите, граѓаните и ИТ секторот мора да се обединат, бидејќи ова не е игра, вели за МТВ комуникологот Бојан Кордалов, коментирајќи ги последните сајбер инциденти во Македонија. Најпосакувана разврска со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување, вели Кордалов, е податоците да се спасат и да не дојде до нивна злоупотреба.

Додава дека сите чувствителни бази и информации секојдневно се пласираат онлајн, па затоа мора сериозно да се вложи во подобрување на сајбер безбедноста. Во однос на сајбер заканите по граѓаните, во нашиот мобилен телефон ги имаме сите податоци за себе и мора да разбереме дека не е поентата само да сме присутни онлајн, туку мора да размислуваме за својата безбедност, вели тој.

Државните институции треба да ги вклучат и граѓаните во процесот, бидејќи сите сме на иста страна, а треба да се зголеми и соработката со западно европските земји и НАТО Алијансата со цел заштита од вакви хибридни напади.

 

Марија Котовска