САД

Блинкен: Последици за Кина ако и помага на Русија

19.02.2023 18:59

Блинкен додаде дека Кина се обидува да седи на две столчиња, тврдејќи дека сака да придонесе за мирот и стабилноста, но во исто време презема „загрижувачки чекори“...

Американскиот државен секретар Блинкен го предупреди својот кинески колега Ванг Ји дека ќе се соочи со сериозни последици доколку Пекинг и обезбеди материјална поддршка на Русија. Тој додаде дека Кина се обидува да седи на две столчиња, тврдејќи дека сака да придонесе за мирот и стабилноста, но во исто време презема „загрижувачки чекори“.

Односите меѓу Пекинг и Вашингтон се затегнати откако кинески шпионски балон прелета над американското копно, а американските ловци го соборија по наредба на претседателот Џо Бајден.

„Претседателите Кси и Путин имаа средба на која разговараа за партнерство без ограничувања. Видовме дека кинеските компании и секако Кина и дава несмртоносно оружје на Русија за употреба во Украина. Загриженоста што ја имаме сега се заснова на информации кои ги имаме за пружање на смртоносна поддршка. Јасно ставивме на знаење дека тоа ќе предизвика сериозен проблем за нас во нашите односи со Кина“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.