Можностите за дигитален маректинг неискористени од страна на домашните компании

05.05.2014 13:37

Експертите препорачуваат да се користат услугите на специјализираните домашни компании...

Иако скоро 92 процента од домашните компании се приклучени на интернет, сепак, многу малку ги користат можностите за огласување и продажба, особено преку социјалните мрежи.

Рекламирањето преку дигиталниот маркетинг, е далеку поевтино, во однос на класичниот, а се постигнува далеку поголем ефект, велат од Стопанската комора на Македонија.

Експертите препорачуваат да се користат услугите на специјализираните домашни компании кои успешно работат со најпознатите светски брендови.