Минхенска конференција

Маричиќ-Сорос: Поддржуваме идеи и иницијативи кои водат кон стабилност и развој на демократското општество

19.02.2023 19:10

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ заедно со премиерот Ковачевски се сретнаа со претседателот на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос и заменик претседателот, Александар Сорос...

Денеска во рамки на Минхенската конференција за безбедност, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ заедно со премиерот Ковачевски се сретнаа со претседателот на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос и заменик претседателот, Александар Сорос.

„Поддржуваме идеи и иницијативи кои водат кон стабилност и развој на демократското општество“, напиша после средбата вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.

На состанокот било разговарано за евроинтеграцискиот процес, регионалната соработка, реформите и за можностите за унапредување на соработката во областите кои ќе бидат приоритетни за Северна Македонија во оваа фаза од пристапните преговори и кои ќе го забрзаат процесот, како владеењето на правото и функционирањето на демократските институции.