Собрание

Продолжува собраниската расправа за реконструкција на Владата

20.02.2023 09:00

Во Собранието продолжување на седницата со расправа по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити...

Во Собранието продолжување на седницата со расправа по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Во досегашниот тек, малку расправа за разрешувањата, многу реплики и контрареплики, меѓусебни обвинувања, меѓу власта и опозицијата. Дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали е завршена. Не се одржа бидејќи немаше доволен број пратеници во салата.

Гласањето треба да биде дополнително закажано. Покрај разрешувањата на Беким Сали и Адмирим Алити, на дневен ред на пленарката се и разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, како и назначувањата на Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина.