Здравство

Вработените во ГОБ„8 Септември“ денеска на предупредувачки протест

20.02.2023 09:21

Денеска предупредувачки протест на вработените во Градската општа болница„ 8-ми Септември“...

Денеска предупредувачки протест на вработените во Градската општа болница„ 8-ми Септември“. Паузата од 13 до 13 и 30 часот, ќе ја искористат пред установата, искажувајќи го револтот поради доцнењето на платата.

Од самостојниот Синдикат на здравството, фармација и социјална заштита, пак порачаа, ако денеска не земат плата в среда ќе излезат на протест.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност од сите функционери кои можеле, а не го спречиле овој крах на здравствениот систем.