Тешка сообраќајна несреќа во Кичево
Тројца загинати, двајца се борат за живот
28.11.2013 10:46
Трагедија во Кичево.Три лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 4:30 часот се случила на улицата „Ужичка Република“ во Кичево.
Несреќата се случила кога автомобилот „Голф“ со кичевски регистерски таблички изгубил контрола и удрил во куќа. Со автомобилот се наоѓале пет лица, од кои три починале на лице место.
Двајцата тешко повредени се пренесени во медицинскиот центар во Кичево, а едно од лицата е префрлено во охридската болница „Св. Еразмо“.

Се уште не е познат нивниот идентитет, но според неофицијалните информации станува збор за помлади лица.
Полицијата извршува увид на местото на несреќата.