Платено породилно за жените земјоделки
20- ти февруари е меѓународниот ден на социјалната правда, мрежата од 60 невладини организации не се откажува од барањето платено породилно отсуство за жените земјоделки. Министерството за здравство сè уште не се нема изјаснето...

Над 1000 регистрирани жени земјоделки, во земјава уште чекаат социјална правда, да добијат платено породилно отсуство како и другите работнички. Иницијативата останува на мрежа од 60 невладини организации. Надежта е дека годинава можеби ќе има системско решение.
Позитивен исчекор е што од оваа година, Министерството за земјоделство, ќе пилотира мерка за социјална сигурност со која на жените ќе им биде овозможен месечен приход од 9.000 денари, во траење од 9 месеци. Но, негативно и дискриминаторски е што на жените земјоделки, им се бара 12 месеци да плаќаат придонеси, а на другите работнички рокот е 6 месеци. Се бара и остварен приход над 300.000 денари, како и добивањето финансиска поддршка од државата.
Покрај породилното платено отсуство за жените земјоделки, ќе се бара и платен надомест за отсуство поради болест.
Елизабета Митреска
