Охрид

Закажано судењето за нападот врз Пендиков

20.02.2023 09:30

Основниот суд во Охрид за 28-ми февруари го закажал првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков...

Основниот суд во Охрид за 28-ми февруари го закажал првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Напаѓачот е пуштен од притвор, ќе му се суди поради нанесување тешки телесни повреди поради омраза национална и етничка припадност.

Првото рочиште доаѓа само 10 дена откако Основното јавно обвинителство – Охрид го поднесе обвинението против две лица за нападот над Пендиков. 

Едното лице останува непознато и по него сè уште се трага. Нападот над Пендиков предизвика бура во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.