здравје

За што може да ни помогне увиниот чај

20.02.2023 09:40

Увиниот чај, бил во првата линија при третирање на уринарни инфекции долго време пред пронаоѓањето на антибиотиците...

Увиниот чај е составен од мечкино грозје, златница, лист од бреза и коприва – четири билки кои обединето функционираат за одржување на здравјето.

Мечкиното грозје, чие латинско име е Arctostaphylos uva-ursi, е растение со црвени бобинки кои ги обожаваат мечките. Неговата лековитост била позната уште од 2-риот век, а современите истражувања ја потврдуваат неговата ефикасност во борбата со инфекции.

Неколку хемикалии во мечкиното грозје, меѓу кои арбутин и хидрохинон, помагаат за справување со воспаленијата во телото. Исто така, танините кои ги содржи ги стегаат мукузните мембрани и со тоа ја редуцираат инфламацијата во телото.

Освен за полесно справување со уринарни инфекции, мечкиното грозје помага и при главоболки и дијареја, а благодарение на хидрохинонот, може да асистира во зајакнувањето на имуниот систем.

Увиниот чај, бил во првата линија при третирање на уринарни инфекции долго време пред пронаоѓањето на антибиотиците. Овој топол напиток има антисептичко, антивоспалително и диуретско дејство.

Потенцијални придобивки од увиниот чај, ги смирува симптомите на уринарни инфекции (честа и силна потреба за мокрење, печење и болка при мокрење, заматена урина која може да има силна миризба или да содржи крв, притисок/грчеви во долниот дел на стомакот го забрзува мокрењето, превенира таложење на песок и создавање на камења, го олеснува исфрлањето на камчиња, ги ублажува грчевите, ја стимулира работата на бубрезите, асистира во мачната борба со бактеријата Escherichia coli (ешерихија коли).

Важно е да се потенцира, дека увиниот чај е мошне ефективен, но не треба да се сфаќа како замена за антибиотска терапија доколку таква е препишана од медицинско лице.

Увиниот чај не смее да се пие повеќе од 2-3 шолји дневно и не подолго од две недели.

 

Катерина Стојановска Десковска