Благодетите на алое верата
Научниците утврдиле дека гелот од алое вера содржи повеќе од 240 хранливи и лековити состојки, од кои витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е и фолна киселина...

Лековитоста на алое вера се наоѓа во компонентите кои имаат различни и специјални енергетски вредности. Алоето е билка која спаѓа во семејството лилјани и во светот се познати повеќе од 250 видови, од кои само 4 имаат лековито дејство, од кои најлековита е алое вера.
Со сечење на листовите и нивно пресување се цеди сок, кој се стабилизира со папаја, а има и хранлив и лековит ефект кој го даваат повеќе од 200 активни состојки на алое вера потребни за секојдневно функционирање на секоја клетка. Оваа билка природно расте во подрачјата со топла и сува клима, најдобри услови се таму каде годишната просечна температура е над 22 степени Целзиусови.
Научниците утврдиле дека гелот од алое вера содржи повеќе од 240 хранливи и лековити состојки, од кои витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е и фолна киселина. Од минералите, богата е со повеќе од 20: гелот содржи магнезиум, манган, цинк, бакар, хром, калциум, калиум и железо. Благодатите и здравствените придобивки од алое вера се многубројни.
Еве само дел, од начините на кои оваа неверојатно лековита билка може да ни помогне: го регулира нивото на шеќер во крвта, помага при улцерозен колитис и Кронова болест, констипација и синдром на иритабилни црева, го забрзува метаболизмот и помага при слабеење, антиоксидативните својства спречуваат појава на чир на желудникот и ги лечат клетките кои се зафатени од чирот и ја обновуваат оштетената слузокожа, го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок и спречува појава на болести на крвните садови, ја подобрува циркулацијата, го забрзува процесот на заздравување на ткивата, особено при надворешни повреди и изгореници, спречува раст на туморни клетки, ги ублажува симптомите на астма и алергија, има антибактериско (особено против E. Coli), антифунгално и антивирусно делување, има лаксативно дејство.
Алое верата може да се насади и одгледува и кај нас, во домашни услови, потребни ни се само саксија и земја.
Катерина Стојановска Десковска
