Заврши спасувачката операција
Заврши спасувачката операција во Турција по катастрофалните земјотреси. Меѓународната заедница бара начини за помош и поддршка на погодените во Турција и во Сирија...

Заврши спасувачката операција во Турција по катастрофалните земјотреси. Според податоците на Анкара, загинале 40 илјади луѓе, но се стравува дека бројката може да биде дупло поголема. САД ќе доделат уште 100 милиони долари помош за настраданите, покрај претходно одобрените 85 милиони долари. Оваа вест ја соопшти и американскиот државен секретар Блинкен, кој вчера пристигна во воздухопловната база Инџирлик каде се стационирани околу 1.500 американски војници.
„Најважното нешто во моментов, е да се додели помош на луѓето на кои им е потребна, да ја пребродиме зимата и да ги кренеме на нозе. Ние стоиме посилни со луѓето од Турција и народот на Сирија со нашите партнери за спроведување на невладините организации, и ќе останеме со неа додека сите не ја завршиме работата“, изјави Ентони Блинкен-државен секретар на САД.
Токму од Инџирлик дел од хуманитарната помош, особено американската, беше испратена во подрачјата погодени од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија на 6-ти февруари.
