Жестоки борби на фронтот во Украина
Жестоки битки на фронтот во Украина, украинските војници им нанесуваат значителни загуби на руските сили во близина на источниот град Вуледар...

Жестоки битки на фронтот во Украина, украинските војници им нанесуваат значителни загуби на руските сили во близина на источниот град Вуледар, вели претседателот Зеленски. Според него, Киев има предвидливост во моментов и се движи кон своите цели.
„Генералот Содол извести за насоката Вуледар, оперативно-тактичката група Доњецк. Ситуацијата е многу тешка. Ние се бориме. Во Донбас – Бахмут, Вуледар, Маринка, Кремина. Побрзо ќе ја завршиме оваа војна со победа на Украина“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
Претходно, ЕУ од Минхенската конференција, обелодени дека работи на нова процедура за набавка на муниција за Украина. Западните сојузници се едногласни за забрзаната поддршка за Киев.
