Бразил

Карневал во Рио, поплави во Сао Паоло

20.02.2023 10:09

Илјадници луѓе излегоа на улиците на карневалот во Рио де Жанеиро во неделата, откако настанот се врати во целосна форма, во меѓувреме властите во бразилската држава Сао Паоло, соопштија дека најмалку 36 лица, загинале во големите поплави...

Илјадници луѓе излегоа на улиците на карневалот во Рио де Жанеиро во неделата, откако настанот се врати во целосна форма за првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Присутните се собраа на улични забави низ бразилскиот град. Федералната влада на Бразил очекува вкупно 46 милиони луѓе да се приклучат на свеченостите што официјално започнаа во петокот и ќе траат до 22 февруари.

Во меѓувреме властите во бразилската држава Сао Паоло, соопштија дека најмалку 36 лица, загинале во големите поплави и лизгање на земјиштето. Спасувачките тимови се борат да стигнат до преживеаните и да ги деблокираат патиштата.