Формула 1

Фетел не верува во својот болид

05.05.2014 13:56

И покрај напредокот во однос на претсезоната и првите трки, актуелниот Ф1 шампион Себастијан Фетел не го крие разочарувањето од перфомансите на својот болид и воопшто од новата сезона во формула 1.

Според германецот опасноста и ризикот се составен дел од атрактивниот спорт, па многу е значајно чувството на сигурност во болидот.

„При сопирање и во свиоците воопшто немам доверба во болидот, едноставно болидот не знае што сакам да направам“-вели Фетел алудирајќи на електрониката што би требало да го помага сопирањето и излезот од свиоците на што возачите немаат контрола и често се изненадени од реакцијата на системите. За Фетел В10 и В12 моторите со сила од над 1000КС биле многу побрзи и оставале простор возачот да притисне до максимум, а и звукот веќе не е тоа што треба да биде во Ф1.