Македонија

Утрово упатена закана за бомби во десет училишта

20.02.2023 10:30

На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа...

На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите, информира Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се вели во соопштението на МВР.