ФЗОРСМ

Системот „Мое Осигурување“ функционира за осигурениците во цела држава

20.02.2023 11:05

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување“ функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички приспособувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот...

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување“ функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички приспособувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.

- До овој момент „Мој термин“ ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.