Ад хок тело ќе заседава за името на бугарскиот клуб во Охрид
Петчленото ад хок тело ќе заседава за да ги разгледа предлозите за ново име на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид...

Петчленото ад хок тело ќе заседава за да ги разгледа предлозите за ново име на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Барањето за пререгистрација беше поднесено до Централниот регистар откако измина законскиот рок од три месеци. Засега не се соопштуваат колку предлози има, ниту кои се имињата. Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, пак, одбија преименување. Доколку се укине клубот, велат дека ќе поднесат тужба против државата. Од правда, пак, имаат рок од еден месец за да изготват решение.
Од Централен регистар во петокот најавија дека до Министерството за правда ќе достават список со здруженија кои треба да се анализираат.
