Атлетика

Фемке Бол, го собори светскиот рекорд стар речиси 41 година

20.02.2023 11:58

Холанѓанката Фемке Бол, на националното атлетско првенство го собори речиси 41 година стариот светски рекорд...

Холанѓанката Фемке Бол, на националното атлетско првенство го собори речиси 41 година стариот светски рекорд во сала на 400 метри. Новото најдобро време во историјата на 400 метри во сала сега изнесува 49,26 секунди.

Бол за 23 стотинки го поправи светскиот рекорд, кој легендарната спринтерка од поранешна Чехословачка, Јармила Кратохвилова, го постави на 7 март 1982 година.

Фемке Бол има и сребрен медал од СП во истата дисциплина и три европски златни медали, освоени на континенталниот шампионат што минатата година се одржа во Минхен, каде што беше најдобра на 400 метри, на 400 метри со пречки, а беше дел од златната холандска штафета на 4×400 метри.