Кошаркарите на Уникаха го освоија Купот на шпанскиот крал
Откако ја елиминираа Барселона во четвртфиналето, па Реал Мадрид во полуфиналето, кошаркарите на Уникаха го совладаа Тенерифе со 83-80 во финалето на Купот на шпанскиот крал и по осумнаесет години го освоија Куп-трофејот...

Откако ја елиминираа Барселона во четвртфиналето, па Реал Мадрид во полуфиналето, кошаркарите на Уникаха го совладаа Тенерифе со 83-80 во финалето на Купот на шпанскиот крал и по осумнаесет години го освоија Куп-трофејот.
Кошаркарите на Уникаха се сензационалниот освојувач на Купот на Шпанија откако во големото финале славеа со 80-83 против Тенерифе. На патот до финалето тимот предводен од Ибон Наваро ги совлада и евролигашите Барселона и Реал Мадрид и сосема заслужено го подигна трофејот.
Уникаха Малага го освои Купот на Кралот, а Бреша стигна до трофејот во Купот на Италија. Од друга страна, во Грција немаше изненадувања, бидејќи Олимпијакос го освои трофејот. Во Германија Купот му припадна на Баерн, во Франција Асвел, а во Литванија слави Жалгирис.
