ракомет

Пелистер доби ново засилување

20.02.2023 12:16

По променливите игри и многубројните повреди во првиот дел на сезоната, вицешампионот Еурофарм Пелистер, се врати на пазарот и доведе две засилувања за плеј-офот...

По променливите игри и многубројните повреди во првиот дел на сезоната, вицешампионот Еурофарм Пелистер, се врати на пазарот и доведе две засилувања за плеј-офот. Пред две недели пристигна Данецот Кисум, кој веќе ги покажа своите квалитети против Алкалоид, а од вчера во Битола е уште едно ново име.

Имено, од денес официјално член на битолската ракометна гордост е Србинот Дарко Стевановиќ, лев бек кој доаѓа од Мешков Брест.

Со оглед на операциите на Сери и Ѓорговски, како и бавната рекуперација на Суси, клубот од Битола интервенираше на пазарот и веројатно го доведе последното засилување за оваа сезона.