Македонија

Дојави за поставени бомби во училишта во Скопје и Прилеп и на аеродромот Петровец

20.02.2023 12:51

На електронските адреси на 10 училишта во Скопје и четири во Прилеп, како и на Меѓународниот аеродром „Скопје“, закани за поставени експлозивни направи...

Денеска до 09.30 часот пријавено е дека на електронските адреси на 10 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во четири училишта во Прилеп, се наведува во соопштението.

Од МВР посочуваат дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, добиена е пријава за испратена закана и до аеродромот во Скопје, каде исто така, во тек се антитерористички проверки, посочуваат од полицијата.