Македонија

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

20.02.2023 13:51

Агенцијата за лекови-МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ за пациентите со Цистична фиброза. Сите процедури за одобрување на увозот се завршени, а сега сè зависи од производителот и од македонскиот застапник на компанијата да го реализираат увозот...

Агенцијата за лекови-МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ за пациентите со Цистична фиброза. Сите процедури за одобрување на увозот се завршени, а сега сè зависи од производителот и од македонскиот застапник на компанијата да го реализираат увозот.

Во Детската клиника каде ќе се одвива лекувањето со интервентната пратка „Трикафта“ очекуваат лекот да пристигне во наредните десетина дена. Станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ за 8 најкритични пациенти. За редовно снабдување со „Трикафта“ и за останатите пациенти на кои им е потребен овој лек за нормален живот и за успешно лекување треба да се сменат три закони.

Владата веќе изготви Предлог-закон за промена на правилата за јавна набавка за да се овозможат директни преговори меѓу државата и производителот.