Македонија

Армиските специјалци се вратија од Турција

20.02.2023 13:59

Во касарната „Илинден“ организиран пречек на припадниците на специјалните сили на армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција. Армискиот тим, водачи и кучиња обучени за трагање, помагаа во областите погодени од катастрофалните земјотреси на 6-ти февруари...

5 годишниот Сулејман – е искра надеж дека животот во турскиот град Караманмараш ќе добие втора шанса. Спасен под урнатините од стравичниот земјотрес, младиот херој го доби назад детството откако беше спасен од македонскиот армиски тим. 60-мина војници од баталјонот за специјални сили беа меѓу првите странски тимови кои пристигнаа на југот во земјата за да помогнат во спасувањето. Турскиот народ е благодарен за помошта, а за припадниците на АРМ немало никакви забелешки, смета врховниот командант и претседател.

Сите припадници на македонската армија кои се справуваа со последиците од катастрофата во Турција, покрај редовната – дополнително ќе добијат и една просечна плата.

Во спасувачката мисија, учествуваа и две армиски кучиња – лабрадорот Кони и белгискиот овчар Пикси.

 

 

 

Анита Димитријевска Велковска