Македонија

Независниот медицински синдикат со кривични ќе бара одговорност за хакерскиот напад во ФЗОМ

20.02.2023 14:26

Независниот синдикат на државна администрација, денеска информираше дека е формирана правна комисија, што ќе изготви кривична пријава, против „лицата коишто го довеле Фондот за здравствено осигурување во ваква ситуација …

Независниот медицински синдикат ќе поднесе кривична пријава против одговорните лица за хакерскиот напад во ФЗОМ. Најавуваат дека ќе побараат лична одговорност од лицата коишто се директно одговорни за состојбата. Според нив, мора да има одговорност, таа услуга е платена согласно со важечките стандарди.

Револтирани се и од молкот на Фондот и тоа што од ниту едно одговорно лице немало официјална изјава. Според нив, здравствениот систем во една држава е еден од главните столбови, кога ќе колабира, во прашање ќе биде и стабилноста на државата.

Од Независниот медицински синдикат велат дека ќе имаат трпение до крајот на неделава, но доколку не се исполнат дадените ветувања, најавија протест в петок.

 

 

 

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска