Желба+амбиција+влог+работа=успех
Амбициозниот проект, ЖРК Вардар СЦБТ иако од добар дел со недоверба и скепса беше дочекан, покажа дека не е само нечии хир, нечија луда идеја, ама нешто што држи, нешто што влева надеж, нешто што конечно има иднина...

Сонот во кој се провлекуваше од август месец наваму, приказната ракометна Лига на Шампионките сепак, со среќен крај. Можеби не вистина до крај како во детските соништа, или бајките, без ниту едно прашалниче да остане да лебди во воздух, но убав, македонските девојки се на европскиот клубски пиедестал. Вардарки трети во ѕвездената континентална дружина.
Амбициозниот проект, ЖРК Вардар СЦБТ иако од добар дел со недоверба и скепса беше дочекан, покажа дека не е само нечии хир, нечија луда идеја, ама нешто што држи, нешто што влева надеж, нешто што конечно има иднина. Можеби, историскио момент фајнл-фор за ЕХФ ќе беше надополнет конплетно со историското трофејно дебитантско поглавје, кое и онака го запишаа македонскиот шампион со своето прво зачекорување во Европа и веднаш, пронаоѓањето на вистинската траекторија која водеше кон врвот. Не бидна историско дебитантско финале, но бидна руки фајнл-фор на црвено-црните девојки.
Покажаа и тоа како, дека се кадарни за европскиот клубски ракометен крем. Она што веројатно беше најслабата алка во бисерниот низ на вардарки, е тоа што пак, го имаат репризните шампионки, Ѓер, заедничко искуство и воиграност. Точно, зрела екипа со респектабилни имња и презимиња од прва до последна имаат и нашите девојки, но за да диши тимот како еден, потребно е повеќе од неколку месеци заедно. А, можат тоа вардарки го имаат тимскот дух и атмосфера, несомнено.
Ѓер беа доминантните ракометарки во двата дена на паркетот во арената Ласло Пап во Будимпешта, сигурно и цврсто минаа и низ Митјиланд и низ Будуќност. Првите преку кои пак, нашите девојки стигнаа до бронзата, а вторите преку кои порано беа разбудени Македонските принцези од бајковидниот сон.
