24 среќници на списокот на Сушиќ!
На 38 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал, Сафет Сушиќ е првиот селектор кој ги објави кандидатите за репрезентацијата и тоа за мундијалскиот дебитант, Босна и Херцеговина. По три елементи списокот е интересен.

На него има 24 фудбалери, што значи дека само еден нема да патува во Бразил.
Иако БиХ е репрезентација којашто игра офанзивен фудбал, во конкуренција се само двајца класични напаѓачи Един Џеко и Ведад Ибишевиќ.
На подготовките што ќе стартуваат на 15 мај во Сараево ќе биде и внукот на Сафет, Тино Сушиќ поради кој селекторот ги доби првите критики. На прашањето зошто Тино е во репрезентацијата, Сафет иронично одговори, „затоа што го носи презимето Сушиќ“.
Со исклучок на еден, ова се фудбалерите што ќе играат за Босна и Херцеговина на Мундијалот што ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули:
Голмани: Асмир Беговиќ (Стоук), Асмир Авдукиќ (Борац Бања Лука) и Јасмин Фејзиќ (Ален).
Одбрана: Емир Спахиќ (Бајер Леверкузен), Сеад Колашинац (Шалке), Тони Шуњиќ (Зорија), Ермин Бичакчиќ (Брауншвајг), Мухамед Бешиќ (Ференцварош), Ервин Зукановиќ (Гент) и Огњен Врањеш (Елазиг).
Средина: Менсур Мујџа (Фрајбург), Миралем Пјаниќ (Рома), Анел Хаџиќ (Штурм), Тино Сушиќ (Хајдук Сплит) , Сенијад Ибричиќ (Кајзери Ерџијеспор), Сенад Лулиќ (Лацио), Звјездан Мисимовиќ (Гуижу), Сеад Салиховиќ (Хофенхајм), Харис Медуњанин (Газијантеп), Изет Хајровиќ (Галатасарај), Авдија Вршајевиќ (Хајдук Сплит) и Един Вишќа (Истанбул).
Напад: Един Џеко (Манчестер Сити) и Ведад Ибишевић (Штутгарт)
БиХ е во групата Ф со главниот фаворит Аргентина, како и со Нигерија и со Иран за коишто Сушиќ смета дека не се подобри и затоа се надева дека неговата репрезентација ќе се пласира во осминафиналето.
