БРАЗИЛ

Свлечишта во Сао Паоло, има жртви

20.02.2023 19:01

Карневалскиот викенд во Бразил беше засенет по поплавите и лизгањето на земјиштето во Сао Паоло...

Карневалскиот викенд во Бразил беше засенет по поплавите и лизгањето на земјиштето во Сао Паоло. Вонредна состојба од 180 дена е прогласена во шест градови во земјата. 36 лица загинаа, над 200 луѓе останаа без кров над главата. Нема информации за бројот на исчезнати лица.