турција-сирија

Нов силен земјотрес регистриран на границата меѓу Турција и Сирија

20.02.2023 19:34

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри, денес го погоди турско-сирискиот пограничен регион...

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри, денес го погоди турско-сирискиот пограничен регион. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.

Според податоците на Анкара, над 40 илјади луѓе го загубиле животот во катастрофалниот земјотрес, но се проценува дека бројката е двојно поголема.