Придобивки од употреба на кокосово масло
Кокосовото масло е еден од поважните извори на енергија и може да ја зголеми во телесниот систем. Калориите што ги содржи кокосовото масло се такви што експресно ја подигнуваат енергијата...

Во минатото, кокосовото масло се сметало за штетно за организмот поради мастите во составот, но студиите покажале дека се корисни за организмот, бидејќи се заситени масти. Масните киселини брзо се асимилираат од телото, затоа кокосовото масло се препорачува за луѓе кои сакаат да изгубат тежина и за оние кои вложуваат интензивен физички напор.
Маслото од кокос е вистинско богатство за човечкиот организам, а најдобро е кога се користи на празен желудник. Ова масло е еден од поважните извори на енергија и може да ја зголеми во телесниот систем. Калориите што ги содржи кокосовото масло се такви што експресно ја подигнуваат енергијата.
Научниците откриле дека луѓето што на празен стомак консумираат 1-2 лажици кокосово масло дневно можат да го истанчат својот струк, затоа што ова масло ефикасно ги согорува калориите кои се акумулираат во организмот. Кокосовото масло побрзо го заситува желудникот, па така му овозможува да ја ограничи потрошувачката на храна што треба да се внесе во организмот.
Консумирањето кокосово масло на празен желудник е исклучително препорачливо за варењето. Состојките што ги содржи маслото од кокос му помага на системот за варење да функционира на најдобриот можен начин. Кокосовото масло содржи природни антиоксиданти, витамини А, Ц, Д, калциум и железо, кои го регулираат варењето и метаболизмот.
Во здравствените придобивки на консумирањето кокосово масло на празен желудник, се вбројува и тоа што масните киселини што ги содржи ова масло лесно ги трансформираат маснотиите во енергија. Широка е употребата на кокосово масло и во козметиката, здравството, домаќинството.
Во козметиката, се користи во препарати за чистење на кожата и забите, поради белење и спречување на формирање на забни плаки. Исто така е добар хидратантен крем за изгореници од сонце, за лекување на стрии по бременоста, како регенератор и навлажнувачки крем за коса и усни. Има силно навлажнувачки ефект, затоа се препорачува да изберете крем што содржи кокосово масло, да имате мазна и кадифена кожа. Кокосовото масло е многу отпорно на високи температури, така што може безбедно да се користи во кујната, за готвење. Може да консумирате лажичка пред јадење за да го намалите чувството на глад.
Кокосовото масло е ефикасно во отстранување дамки од ’рѓа и чистење на кожа и метални површини. Нанесете директно на површината и оставете да делува неколку минути, а потоа избришете ја површината со чиста крпа. Дејствува како лак за фиксирање на гребнатини на автомобилот.
Безбедно е да се користи во бременоста. Нанесувањето кокосово масло за време на бременоста може да спречи формирање на стрии, поради навлажнувачки ефект кој ја подобрува еластичноста на кожата. Кокосовото масло е ефикасно во ублажување на болката предизвикана од испукани брадавици.
Има силни анти-габични својства. Затоа е ефикасно во спречување на настинка, грип и други вирусни инфекции.
