МВР
Уништување на дрога и оружје запленето од државата
20.02.2023 22:00
Ова е втора акција во последните шест месеци во кои се уништени над 12 тони дрога...

Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за управување со одземен имот, организираше во печките на Макстил уништување на 1.400 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци и околу 270 парчиња оружје запленето од државата. Ова како што рече министерот за внатрешни работи Спасовски, е втора акција во последните шест месеци во кои се уништени над 12 тони дрога.
Во Макстил додадоа дека имаат напредни технолошки постројки во кои може да се врши топење на нелегална стока запленета од државата.
