Собрание

Законот за данок за солидарност на собраниска седница

21.02.2023 08:52

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја продолжи 103-та седница...

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја продолжи 103-та седница на која меѓу точките на дневниот ред е и Предлогот на закон за данок за солидарност, по скратена постапка, со кој се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка.

Во образложението од Предлог законот поднесен од Владата, односно од Министерството за финансии се наведува дека се носи по урнекот на Регулативата на ЕУ 2022/1854 од 6 октомври 2022 година за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата заради ублажување на последиците од енергетската криза.

Преку плаќањето на овој вид т.н. данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата.