Полска

Говор на Бајден во Варшава

21.02.2023 09:12

Американскиот претседател Бајден вечер ќе одржи говор во Варшава ден по посетата на Киев...

Американскиот претседател Бајден вечер ќе одржи говор во Варшава ден по посетата на Киев. Средби се закажани со неговиот полски колега Дуда на кои ќе се разговара за заедничките напори на западот за поддршка на Киев.

Европската турнеја на челникот на Белата куќа е пред одбележувањето на годишнината од руската агресија врз Украина.