Фудбал

Меси си оди од ПСЖ

21.02.2023 09:55

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси, се подготвува да си оди и од француската престолнина, само две сезони откако сензационално ја напушти Барселона...

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси, се подготвува да си оди и од француската престолнина, само две сезони откако сензационално ја напушти Барселона и се пресели во Париз.

За разлика од Нејмар, кој остана шест сезони во циркусот на ПСЖ само поради парите, на Меси очигледно не му се допаѓа таа концепција и подготвен е за нов предизвик во кариерата. По Светското првенство во Катар и освоена титула, тој беше одлично расположен и подготвен да ги продолжи преговорите за нов договор со челниците на ПСЖ. Синоќа, Лекип објави дека сето тоа пропаднало и дека Меси ги живее последните четири месец во Париз.