тенис

Калин Ивановски со нов скок на АТП листата

21.02.2023 10:37

Во најновата објавена АТП ранг-листа Калин Ивановски, има нов напредок од 16 позиции и моментно е на 478 место со 84 поени, што е до сега негов најдобар ранкинг...

Во најновата објавена АТП ранг-листа Калин Ивановски, има нов напредок од 16 позиции и моментно е на 478 место со 84 поени, што е до сега негов најдобар ранкинг во кариерата.

Нашиот тенисер пред осум дена играше финале на турнирот во Тунис, а истото мораше да го предаде поради повреда, но се надева дека наскоро ќе заздрави и ќе се врати во својата најдобра форма.

Новак Ѓоковиќ ја почна својата 377. недела на врвот на АТП-ранг-листата со 7.070 бода.