Здравје

Ореви за подобро здравје

21.02.2023 10:58

Ова јаткасто овошје е толку богато со антиоксиданти што му помага на организмот да се бори против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките...

Јаткастите плодови, како што се бадемите, кикиритките, ф’стаците, лешниците и индиските ореви, исто така изобилува со незаситени масни киселини, витамини и протеини, меѓутоа, научниците потенцираат дека луѓето не го консумираат ова јаткасто овошје во доволно количество, иако оревите имаат двојно поголемо ниво на антиоксидансот полифенол отколку кое било друго јаткасто овошје.

Ова јаткасто овошје е толку богато со антиоксиданти, што му помага на организмот да се бори против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките. Поволно делуваат на бројни процеси во организмот, а на тој начин го намалуваат холестеролот, триглицеридите, поволно делуваат на здравјето на кожата и ги ублажуваат воспалителните процеси. Одлични се и за оние кои страдаат од висок крвен притисок бидејќи оревите го намалуваат.

Оревите се помеѓу најздравите намирници, пред сите други видови храна, оревите се особено корисни за постарите лица, бидејќи го забавуваат падот на когнитивните функции и ја подобруваат меморијата. Ја подобруваат општата плодност кај мажите, редовното консумирање на ореви може да ги намали и шансите за развој на дијабетес тип 2.