Тајван

Тајван ќе ги зајакнува воените врски со САД

21.02.2023 11:21

Претседателката Цаи Инг-вен одржа состанок со членовите на американскиот Конгрес во главниот град на островот Тајпеј...

Тајван ќе ги зајакне воените врски со САД за да го запре, како што вели, „ширењето на авторитаризмот“. Претседателката Цаи Инг-вен одржа состанок со членовите на американскиот Конгрес во главниот град на островот Тајпеј.

Петдневната посета на членовите на делегацијата од Вашингтон, следува откако претходно висок функционер на американското Министерство за одбрана, задолжен за односите со Кина во Пентагон, го посети Тајван.