ООН

САД бара осуда за Северна Кореја за пробните лансирања на ракети

21.02.2023 11:30

Соединетите Американски Држави, бараат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, да ја осуди Северна Кореја за пробните лансирања на балистички ракети и да го поттикне Пјонгјанг да се сврти кон дипломатија...

Соединетите Американски Држави, бараат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, да ја осуди Северна Кореја за пробните лансирања на балистички ракети и да го поттикне Пјонгјанг да се сврти кон дипломатија. Вашингтон предупреди, дека пасивниот однос на 15-членото тело е опасно.

Кина и Русија се противат на каква било активност, против Северна Кореја, нагласувајќи дека дополнителниот притисок врз Пјонгјанг не е конструктивен.