Мортен Олсен: Мурињо е опасност за фудбалот
Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска Мортен Олсен смета дека менаџерот на Челзи Жозе Мурињо е „опасност за фудбалот“.

Поранешниоо истакнат дански фудбалер, а потоа и долгогодишен предводник на националниот тим е уверен дека негативниот стил на игра којшто го негува португалскиот стручњак е лош за око и оти тој ќе предизвика луѓето помалку да ги гледаат натпреварите.
„Според мене, Мурињо е опасност за фудбалот. Ако многумина се обидат да го копираат неговиот стил, фудбалот ќе умре. Замислете сите тренери да играат како него. Фудбалот ќе стане здодевен. Јас, на пример, не би ги гледал натпреварите“, е изјавата на Олсен, којашто ја пренесува англиски Мирор.
„Кога јас би имал шанса, би играл сосема поинаку со Челзи. Но Мурињо знае да игра само дефанзивно. Клубот потроши толку многу пари за добри фудбалери. По ѓаволите, користи ги тогаш !“
