Стопанска комора со краткорочна програма за образование на возрасни
Преку платена пракса, Македонија ќе се обиде да си ги задржи пекарите пред да заминат во други земји за сезонска работа, почнува краткорочна програма за образование на возрасни. Преку овој тип на неформално образование ќе се нуди шанса на невработените и ќе се прави обид да се направи кадарот што недостасува...

Преку платена пракса, Македонија ќе се обиде да си ги задржи пекарите пред да заминат во други земји за сезонска работа. Стопанската комора, почнува краткорочна програма за образование на возрасни. Преку овој тип на неформално образование ќе се нуди шанса на невработените и ќе се прави обид да се направи кадарот што недостасува.
„Доколку ја поминат обуката и не се вработат во дадената фирма или во останата фирма во истиот период, тогаш ќе треба да ги вратат парите коишто ги добиваат во текот на обуката. Јас ви кажав дека сега додека се обучуваат тие ќе добијат месечен надоместок и ако 70% од нив не ја завршат обуката или после тоа не се вработат ќе мора да ја вратат целата сума којашто ја примиле“, изјави Наташа Јаневска-стопанска комора.
Сличен обид веќе се прави и со младите преку дуалното образование. Но таму правилата се поинакви, можна е само летна пракса која може да трае најмалку 15 дена, најмногу еден месец.
„Минатата година имавме феријална пракса, каде што месец дена децата поминуваа и јас можам да ви кажам дека тие беа презадоволни и буквално ги научивме нешто да работат и мислам дека и ги заинтересиравме“, изјави Игор Стојановски – сопственик на пекара.
Пекарската индустрија одамна „плаче“ за кадар. Сега велат дека за мајстор се плаќа од 30 до 60 илјади денари бидејќи во земјава се дефицит.
Катерина Топалова
