Судско рочиште

Судењето за несреќата кај Ласкарци продолжува

21.02.2023 14:01

Со потврда од лекар дека не се чувствува добро, вештакот Зекирија Зеќири повторно го оправда неприсуството на рочиштето за несреќата кај Ласкарци...

Со потврда од лекар дека не се чувствува добро, вештакот Зекирија Зеќири повторно го оправда неприсуството на рочиштето за несреќата кај Ласкарци. На прашања одговараа неговите колеги кои го изготвија супервештачењето. Оштетените семејства се револтирани, од како што велат, неможноста на вештаците да дадат конкретни одговори и меѓусебното договарање.

Одбраната смета дека не се крши законот со тоа што вештаците се консултираат пред да одговорат на прашањата.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев вели дека Судскиот Совет е тој што одлучува за начинот на сослушување на вештаците.

 

Анита Димитријевска Велковска