Повторно судири на истокот од Украина
По мирната ноќ, повторно судири на истокот на Украина.

Специјалната единица на националната града организира нови напади врз проруските сепаратисти кои целосно го контролираат градот славјанск -упориште на терористите. Медиумите јавуваат дека стравот и тензијата кај жителите расте. Луѓето се подготвуваат за војна. Масовно се поставуваат барикади за да се спречи војската да влезе со оклопни возила. Според последните информации војската ги завзела предградијата на градот а бунтовниците се повлекуваат. Привремениот министер за внатрешни работи потврди дека има повредени од двете страни, но се уште не се знае точниот број на жртвите. Тензично е и во Одеса.
„Ова е сценарио на старите украински сили, на поранешните власти, кои не сакаат да ја изгубат позицијата и богатството кои го имаат. Дел од нив ја напуштија земјата но го оставија своето богатство и сега од страна сакаат да управуваат. Но народот е свесен за тоа“, вели Игор Коваленко - градоначалник на Одеса.
„Одеса уште еднаш покажа дека е украински град и дека отпорот на овие граѓани не може да се скрши лесно“, вели Димитри Роговски активист на Десен сектор.
Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата на релација киев –Москва, но и напорите кризата да се реши по мирен пат. Меркел и Путин телефонски разговарале за кризата во украина и предложиле организрање тркалезна маса под покровителство на обсе, со цел пред претседателските избори во украина да се создадат услови за национален дијалог. Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер повика на организирање втора меѓународна конференција за кризата.
Марија Петковска
