Здравство

Синдикатот на Клинички центар за утре најави протест

21.02.2023 14:34

Синдикатот на клинички центар утре од 10 до 10 и 30 часот на предупредувачки протест. Бараат одговор за доцнењето на јануарската плата, но и поради тоа што иако Министерството за финансии им ветило покачување на платите на медицинските сестри за 3.000 денари, тоа досега не е остварено...

Синдикатот на Клинички центар излегува на протест. Оттаму побараа новиот министер за здравство да го потпише Колективниот договор за кој преговарале неколку месеци и кој бил постигнат усно, но не добил параф.

Синдикалците предупредија повеќе да не се случуваат доцнења со платите на здравствените работници.

Синдикатот на клинички бара да биде социјален партнер со надлежните институции при преговорите за новиот Закон за системот за плати, затоа што според нив, синдикатите во моментов се во неповолна положба и се ограничуваат нивните права.

 

 

Игор Панов