МВР

Министерот Спасовски на средба со претставници од МВР на Обединетото Кралство

21.02.2023 15:40

На средбата стана збор за иницијативата за преговарање и склучување билатерален договор за размена на криминални досиеја, односно за нацрт Меморандум испратен преку Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија...

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, остварија работна средба со Амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н. Е. Метју Лосон и со претставници од Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство, предводени од Крис Мофит, Помошник директор во МВР на Обединетото Кралство, одговорен за националната политика на Обединетото Кралство и меѓународна размена на кривични пресуди, придружуван од Грем Валас, заменик менаџер за деловен развој и проекти во Канцеларијата за криминалистичка евиденција ACRO, како и новиот Втор секретар за политика и безбедност Крис Фристон.

Министерот Спасовски посакувајќи им добредојде на колегите од Обединетото Кралство истакна дека Република Северна Македонија ја препознава важноста од интензивна полициска соработка и ефикасна и ефективна размена на информации.

На средбата стана збор за иницијативата за преговарање и склучување билатерален договор за размена на криминални досиеја, односно за нацрт Меморандум испратен преку Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија.

Експертската група од Обединетото Кралство ќе продолжи со реализација на работни средби со претставници на Секторот за меѓународна соработка, Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за криминалистичка техника и вештачење, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал/ Секторот за криминалистички истраги, ОКП, ОКРА.