фзом

Фондот за здравство профункционира, но има проблеми

21.02.2023 16:55

Системот на Фондот постепено се враќа во функција. Исплатите почнаа да се реализираат, легнуваат и пари на сметките на здравствените работници. Но, лекарите велат дека сè уште има одредени проблеми со боледувањата и породилните отсуства...

Сè уште има проблеми со системот, велат матичните лекари. Сметаат дека ќе биде потребно уште време за системот да профункционира како претходно. Д-р Трајковски вели дека се подготвени за соработка со Фондот за да се надмине штетата настаната со хакерскиот напад зашто тоа е во интерес на сите.

Со рецепт или без, граѓаните во аптеките ја обезбедуваа терапијата. Според ФЗОМ, сите аптеки и здравствени работници имаат увид во осигурувањето на пациентите. Од аптеките велат дека граѓаните можат да земат лекови на сметка на Фондот, од вчера системот работи.

Од Фондот уверуваат дека тече исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундирањето на средства по сите основи. И системот „Мое осигурување“ е вратен во функција по двонеделниот кибер – напад поради кој податоците не беа достапни.

 

Наташа Јанчиќ Менковски