Шумски фонд на балканската мапа
Планетата земја дише на жабри .Економскиот развој удри по белите дробови . За десетина години изчезнале ,2,3 милиони квадратни километри шума, површина колку цела Алјаска.Масовно сечење, невреме ,пожари .. природните непогоди здружени со несовесноста на човекот уништија дополнителни еден ипол милион хектари ..
Планетата земја дише на жабри .Економскиот развој удри по белите дробови . За десетина години изчезнале ,2,3 милиони квадратни километри шума, површина колку цела Алјаска.Масовно сечење, невреме ,пожари .. природните непогоди здружени со несовесноста на човекот уништија дополнителни еден ипол милион хектари .. Податоците од НАСА говорат – Југоисточна Европа е зелен рај на земјата ..Босна и Херцеговина , најбогата со шума ,по неа Црна Гора , Македонија трета на Балканот ..40 насто од вкупната површина во зелено руво - последни истражувања на Светската банка .Експертите потсетуваат на масовните акции за пошумување пред шест децении .
Заклучно со 2000 година постојат многу податоци за пошумувањето но генрално Македонија во тој период на ерозивно земјиште се пошуму со 120 илјхади хектари , значи 12 до 15 насто од шумите се подигнати тогаш и то е извонредно богатство за државава, покрај тоа и многуповршиуни се пошумени подигнати и обновени со 150 до 160 илјади хектари и на неерозивни подрчја – вели професорот Александар Трендафилов од Шумарски факултет
Секоја година земјата губи по 13 милиони хектари шума .. Македонија станува шумски лидер во регионот .. Европа ги посочува нашите амбиции ..Ретко кој презема акција .. Србија иако поголема по територија , има само 30 насто шумско земјиште ..Бугарија со добро одржуван и сочуван еко систем е најпосакувата дестинација за планински и ловен туризам во Европа ..
Компаративно со регионот Србија иако територијални е поголема од Македонија има подигнато вештачка шума идентично како Македонија и тоа околу 12о илјади хектари.. Но во регионот и во светски рамки водечка е Бугарија која во периодот на ерозивни дествија има подигнато милион хектари шума – дополнува професорот Трендафилов
Шумите треба да се чуваат , да не се уништуваат , на пример во Скандинавските земји има пример кога дрво пага таму и останува не се собира – посочува Диме Меловски – Македонско еколошко друштво
Третина од површината на земјата е покриена со шуми .. Многу дрва , премногу хартија , се повеке обработлива површина , урбанизација.. Шумите се спас за белите дробови , но и ресурс кој дава материјални добра , без кои животот не фунционира .. Еден хектар шума апсорбира 14 ипол тони јаглерод диксид , над педестина тони прашина ..Ако не ги чуваме , ке се доведеме во ситуација , со заштитни маски и боци кислород да се движиме колку и тоа научно фантастично да звучи – предупредуваат екологистите .
Сузана Фиданска Стоевска
