МВР

Приведен крадец, фатен на дело

21.02.2023 18:48

Тој бил затекнат при извршување џебна кражба, при што од Е.А.(35) од Скопје, при влегување во автобус, одзел личен предмет...

Денеска на автобуска постојка на бул. „Крсте Мисирков“, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.С.(53) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување џебна кражба, при што од Е.А.(35) од Скопје, при влегување во автобус, одзел личен предмет.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. информираат од МВР.