Временска прогноза
Сончево време со температура до 23 степени
22.02.2023 08:40
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 0, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Температура во Скопје, ќе достигне до 19 степени, соопшти УХМР.
